Ајурведскиот систем на медицина се фокусира на зајакнување на имунолошкиот систем на човекот да биде помалку подложен на болести поради подобрување на имунитетот и на виталноста. Од иста причина, здравата храна и упатствата за исхрана (ахара самхита/ acara samhita), заедно со доброто однесување и начин на живот (ачара самхита / acara samhita), се детално објаснети во ајурведските текстови заедно со карактеристиките на храната, храна според сезонските промени и храна во различни периоди од денот, за да се поддржи конституцијата на нечие тело. Овие фактори помагаат да се одржи виталноста, имунитетот и долговечноста, дури и ако сме соочени со фактори што продуцираат болести.

Улогата на диететскиот режим и важноста на компатибилната храна

Во Ајурведата големо внимание мора да се посвети на препишување исхрана во согласност со физичката конституција и медицинската историја на клиентот. Таквиот режим на исхрана го забрзува процесот на закрепнување. Спротивно на тоа, не се препорачува диета што не одговара на конституијата на клиентот или што може да го влоши проблемот. Ајурведскиот режим на исхрана го зајакнува имунолошкиот систем кај здравите луѓе и обезбедува брзо закрепнување кај лицата што се болни. Ајурведата има една од најопсежните диететски терапии во светот, која издржала јасен систем на адаптација на храната со почитување на конституцијата ана индивидуата и сезоната, што ја прави Ајурведата единствена меѓу сите медицински науки.

Едноставни и достапни лекови

Во модерно време, лекувањето обично не почнува додека не се направат неколку сложени тестови.
Ова предизвикува физички, ментален и економски стрес за пациентот.
Спротивно на ова, образуван ајурведски лекар може да постави дијагноза  со преглед на пулсот на пациентот и на други телесни состојви или симптоми. Ова помага да се избегнат непотребните стресови, одложувања и трошоци.
Покрај ова, неколку хронични болести тешки за лекување, исто така, се третираат во Ајурведата по нивно испитување со најнови и најточни методи. Современите дијагностички тестови идентификуваат болести како што се дијабетес, бронхијална астма, срцеви заболувања, хипертензија, гихт и други, додека панкреасот, белите дробови, срцето, нервниот систем и коските почнуваат да се оштетуваат до 70 до 80 проценти од случаите.
Меѓутоа, во Ајурведата преку испитување на пулсот и дијагностички процеси пропишани во книгата “Мадхава Нидана”,  може да се дијагностицираат во многу рана фаза и да се олеснат здравствените проблеми што станаа вообичаени во денешно време.

Ајурведата не е симптоматска, туку систематска.

Една од нејзините уникатни карактеристики е во тоа што е насочена кон коренот на проблемот. Методите на балансирање имаат за цел да ја елиминираат вистинската причина за болеста, а не само да ги потиснат симптомите. Елиминацијата на вистинската причина овозможува траен баланс на организмот а со тоа се доведува до отсуство на болест, бидејќи ајурведскиот третман не е само симптоматски, туки и систематски пристап.
Предноста на модерната е во тоа што може ефикасно да ги контролира компликациите на болестите; меѓутоа не успева да го излекува коренот на болеста.
Без разлика дали причината е електрофизиолошка, биохемиска, хормонална, имунолошка или дисбаланас на клеточно ниво, повеќето болести може да се дијагностицираат и да се даде соодветна терапија. Ова е причината зошто термините “контрола”или “управување/менаџмент” често се користат во современата терапија за третирање проблеми како што се висок крвен притисок, дијабетес или управување со болка.
Во Ајурведата не само што се конторлира болест; напротив се бара причинителот. Ова е уникатноста на Ајурведата , обезбедува сила и одржува целосна рамнотежа. Нема конфликт помеѓу Ајурведата и модерната наука. Всушност, сметаме дека се потребни модерни лекови за контрола на понапредните фази на одредени болести, но за целосно ослободување од  дизбалансите во вашанизамиот Ајурведата гни нуди најдобите можни опции.
Постојат научни докази што ја докажуваат ефикасноста на Ајурведата и се прават понатамошни истражувања во оваа област.

Ајурведата, и покрај тоа што е антички медицински систем, е целосно релевантна и методична и денес.

Неоспорен факт е дека Ајурведата, јогата и натуропатијата се меѓу најстарите медицински системи во светот. Тие се подароци од древните индиски мудреци за целиот свет во форма на Веди “Saprathama samskrtovisva vara”. Индиските мудреци имаат свој придонес во светот во различни области, меѓу кои најглавни се образованието, здравството, судскиот систем и системот на владеење.
Нашите антички мудреци имале многу возвишена филозофија на идеализмот, од човекот и човековиот развој до формирање идеално семејство, општество, нација и идеална ера. Во тој поглед, идеален и целосно научнотерапевтски систем, исто така, е придонес од Индиските мудреци.
Современата медицинка наука не е стара колку Ајурведата, која потекнува од ведскиот период (на Ведите). Основачите на медицината се Брама (Brahma) и Раџарши Данвантари (Rajarsi Dhanvantari). Кога се обидуваме да ги процениме знаењето и нивото на размислување на нашите мудреци, стануваме маѓепсани, па дури и изненадени кога откриваме дека нашите животи и морално чувство се толку длабоки. Вистинските причини за болестите што се дијагностицирани од стана на денешните лекарите веќе биле познати во тоа време.
Денес, главно осум причински фактори се земаат предвид за сите болести според современата медицинска наука. Тие се: 1.Наследни причини; 2.Инфекции; 3.Фактори на опкружување; 4.Факторите поврзани со начинот на живот и стресот; 5.Зависности 6.Компликации 7.Болести предизвикани како резултат на несакани ефекти на лековите; 8.Нарушувања предизвикани од лекарска грешка;
 Сите поврзани здравствени состојби им биле добро познати на нашите мудреци уште од ерата на Ведите. Денес, модерната медицинска наука функционира главно во следниве области: 1.Примарна превенција; 2.Секундарна превенција; 3.Контрола; 4.Лекување; 5.Акутно управување; 6.Рехабилитација; 7.Палијација
Ако се направи компаративна анализа на горенаведените фактори, може да се констатира дека античките традиционални медицински системи (Ајурведата и природните лекови) имаат повеќе предности.

Други содржини

Најпродавани
производи