Услови на користење на веб апликацијата Planet Ayurveda

Верзија 2.0 | Последна ажурирање: 11.11.2026 г.

Овие Услови на користење ги уредуваат односите помеѓу корисниците на веб апликацијата Planet Ayurveda, достапна на адресата https://planetayurveda.mk/, и носителот на услугите Ајурведа ДОО. Со пристапување и користење на апликацијата се согласувате со овие услови.

1. Носител на услугата

Веб апликацијата Planet Ayurveda е управувана од Ајурведа ДОО, овластено за промоција и продажба на ајурведски производи и услуги.

Контакт email: info@planetayurveda.mk

2. Опис на услугата

Преку Planet Ayurveda обезбедуваме:

  • онлајн алатка за едукативна ајурведска само-проценка (прашаљници, анализи и препораки)
  • информативни текстови за доши, начин на исхрана и животен стил
  • предлог производи на Planet Ayurveda и линкови кон www.planetayurveda.mk
  • можност за креирање кориснички профил и преглед на претходни анализи

3. Информативен карактер и wellness одрек

Сите резултати, анализи, препораки за исхрана, додатоци во исхрана, јога и дневна рутина генерирани од Planet Ayurveda се информативни и едукативни, базирани на традиционални ајурведски принципи.

Резултатите се едукативни и информативни. Не се замена за преглед или консултација со здравствен професионалец.

Пред да започнете било каков wellness режим, употреба на додатоци во исхрана, задолжително консултирајте се со здравствен професионалец.

4. Пристап и технички услови

Апликацијата е достапна преку интернет, кога тоа е технички возможно. Можни се прекини поради одржување, надградби или причини надвор од нашата контрола.

Имаме право во секое време да ја измениме, ограничиме или прекинеме апликацијата или одредени функционалности без претходна најава.

5. Користење на апликацијата

Корисникот се обврзува:

  • да внесе точни и вистинити податоци при пополнување прашаљници или регистрација
  • да не користи навредлива, незаконска или туѓа заштитена содржина во пораки и коментари
  • да не се обидува да пристапи до делови од системот за кои нема овластување
  • да не извршува активности кои можат да ја загрозат безбедноста или стабилноста на апликацијата

6. Регистрација и кориснички профил

Кога креирате профил или користите логирање преку трета платформа (на пример Meta/Facebook), одговорни сте за доверливоста на вашите пристапни податоци и за сите активности што се вршат преку профилот.

Може во секое време да побарате бришење на профилот и личните податоци, во согласност со Политиката за приватност и Инструкциите за бришење на податоци.

7. Поврзување со www.planetayurveda.mk и други страници

Апликацијата може да прикажува или да испраќа линкови кон www.planetayurveda.mk и други надворешни страници. Кога ќе ги користите тие страници, важат нивните сопствени услови и политики.

Не одговараме за содржина, точност и безбедност на надворешни страници управувани од трети лица.

8. Авторски права и интелектуална сопственост

Сите текстови, структури на прашаљници, дизајн, логоа, слики и други содржини во Planet Ayurveda се заштитени со авторско право и други права на интелектуална сопственост.

Не е дозволено копирање, модифицирање, дистрибуирање или јавно објавување на содржините без претходна писмена согласност, освен во рамки на лична и некомерцијална употреба со наведување на извор.

9. Заштита на лични податоци

Обработката на личните податоци во Planet Ayurveda се врши во согласност со важечките закони и Политиката за приватност објавена на посебна страница во апликацијата.

Со користење на апликацијата се согласувате со обработката на податоците опишана во Политиката за приватност.

10. Ограничување на одговорност

Ајурведа ДОО вложува разумни напори податоците и препораките во Planet Ayurveda да бидат точни и ажурни, но не дава гаранција за нивната потполност или применливост за индивидуален случај.

Не одговараме за директна или индиректна штета, здравствени последици, изгубена добивка или друга загуба која може да произлезе од:

  • ослонување на резултати или препораки добиени од апликацијата
  • неправилна употреба на производи спротивно на упатствата
  • технички грешки, прекини, недостапност или безбедносни инциденти
  • користење на услуги и содржини од трети страници до кои водат линкови од апликацијата

11. Применливо право и надлежност

За овие Услови на користење и за сите спорови поврзани со Planet Ayurveda се применуваат законите на Република Северна Македонија.

Надлежен е соодветниот суд во Скопје, освен ако задолжителните прописи не предвидуваат поинаку.

12. Измени на условите

Имаме право во секое време да ги измениме овие Услови на користење. Ажурираната верзија секогаш ќе биде објавена во рамки на апликацијата со назначен датум на последна промена.

Со продолжено користење на апликацијата по објавување на измените се смета дека ги прифаќате новите услови.

13. Контакт

За прашања поврзани со овие Услови на користење или со работата на Planet Ayurveda, контактирајте не на:

Ајурведа ДОО
Адреса: УЛ. Козара 68 1-лок.9, Скопје 1000
Телефон: +389 70 350446 / +389 70 350447
Веб: www.planetayurveda.mk
Email: info@planetayurveda.mk