СМУТИ
Состав:
1 круша, сечкана
1 банана, замрзната
50 мл сок од свежа калинка
5 супени лажици замрзнати малини
50 мл бадемово млеко
Подготовка:
Сите состојки се ставаат во блендер. Напитокот е готов кога ќе стане кремаст.
Послужете го свеж и декорирајте со зрна од калинка.
ОВЕСНА
КАША
Пита личностите најчесто имаат силен дигестивен оган и може да ја согорат овесната каша за појадок во рок од еден час. Затоа потреби ни се јаткастите плодови. Натопени и излупени бадеми, кокос, семки од тиква и семки од сончоглед се соодветни.
Состојки:
Овес и вода
2 смокви
2 урми
8-10 оставени одвечер во вода и наутро излупени бадеми
Прстофат кардамон во прав
1 лажица кокосово млеко
Јаворов сируп по вкус
Подготовка:
Во повеќето рецепти од овесна каша, соодносот на овес со вода е 1:2. Овесот и зачинот сварете ги и потоа одозгора додадете ги смоквите, урмите, бадемите, кокосовото млеко и јаворовиот сируп.
При подготовка на овесна каша, доколку користите овошје, претпочитајте јаболка, кајсија, слатки бобинки, суви сливи и суво грозје. Алтернативно, во овесната каша можете да користите свеж, разреден јогурт како прелив. Запомнете, јогуртот и овошјето не се компатибилни за оптимално варење затоа не го користете доколку користите овошје.
СУПА
Пилешка крем супа со карфиол и брокула
Состојки:
- 1 пилешки батак со карабатак
- 200гр карфиол
- 100гр брокула
- 1 главица кромид
- зачини: сол, црн пипер и куркума.
Подготовка:
Батакот со карабатакот се вари додека месото не омекне. За подобар вкус може да се додаде и еден ловоров лист и половина чешне лук.
Кога месото е скоро готово, се додава карфиолот и се остава да се вари 15 минути, а на крај се додава брокулата бидејќи за неа се доволни само 5 минути варење.
Месото се вади од супата и се остава да се излади, а потоа се отстранува коската и ситно се сецка. Брокулата и карфиолот се ставаат во блендер и се блендираат додека не се добие хомогена смеса и се враќаат назад во тенџерето во кое се приготвува супата. Во меѓувреме кромидот се ренда и се пржи на умерена температура додека не добие светло кафеава боја. Потоа се додава во супата за да се свари.
Месото се додава во мешавината од карфиолот и брокулата. Целата смеса треба добро да се измеша за да не останат грутки. На крај се додава сол, црн пипер и куркума. Се вари кратко додека супата стане густа. По желба може да се додаде и сецкан магдонос или целер.
ХЕРБАЛЕН
ЧАЈ
Состојки:
1/4 чајна лажичка семе од ким
1/4 чајна лажичка коријандер
1/4 чајна лажичка анасон
1/4 лажичка свеж магдонос
1/4 лажичка ливчиња од роза
1 чаша врела вода
Подготовка:
Во водата што врие додадете ги билките. Нека врие десет минути, а потоа нека отстои пет минути. Се сервира топло.
Уживајте!
Други содржини
Најпродавани
производи