СМУТИ
Состав:
- ½ банана
- 1 праска
- 2 кајсии
- 3 ливчиња нане
- 2dl вода
Подготовка:
Откако претходно ќе се исчистат семките од сите состојки, се ставаат во блендер. Напитокот е готов кога ќе стане кремаст.
Послужете го свеж и декорирајте го со свежи ливчиња нане.
ОВЕСНА
КАША
За лицата со карактеристики на вата доша се препорачува потечна овесна каша со зачини како: ѓумбир, кардамон и цимет.
Состојки:
- Овес
- Мала количина свеж ѓумбир
- Прстофат цимет во прав
- Прстофат од ким во прав
- Прстофат минерална сол
- Прстофат морско оревче
- Прстофат кардамон во прав
- Јаворов шеќер или сируп по вкус
- 1 лажица путер од бадеми
- Вода
Подготовка:
Во повеќето рецепти од овесна каша, соодносот на овес со вода е 1:2, но додавањето малку дополнителна вода ќе и даде на вашата овесна каша, повеќе конзистентност поволна за вата доша. Овесот и зачините сварете ги и одозгора додадете го ѓумбирот, јаворовиот сируп и путерот. Ако користите овошје, претпочитајте свежи урми, смокви, рибизли и зрели банани, додајте ги во овесот додека го варите, а не на крај. Алтернативно, можете да користите свеж јогурт како прелив. Ако сакате да додадете ореви или семиња, тогаш користете мали количини кокос, семки од сончоглед и бадеми како додатоци.
*Напомена: јогуртот и овошјето не се компатибилни за оптимално варење, затоа не го користете доколку додадете овошје.
СУПА
Состојки:
- 500 гр пилешко месо
- 2 лажици маслиново масло
- 1 кромид
- 3 чешниња лук
- 2 литри бујон
- Ловоров лист
- Зеленчук по желба (морков, сладок компир, пашканат, грашок, тиквички)
- Сол и бибер по желба
Подготовка:
Ставете го маслиновото масло во тенџере, додадете го исечканиот кромид и лук, и се заедно динстајте 3-5 минути. Додадете го бујонот, пилешкото месо, ловоровиот лист и зачинете по желба. Потоа во течноста додадете го и зеленчукот што сте го одбрале. Се заедно нека се вари на пониска температура околу 30-40 минути, се додека зеленчукот и месото не омекнат.
ХЕРБАЛЕН
ЧАЈ
Состојки:
- 1/4 ѓумбир ( свежо рендан)
- 1/4 чајна лажичка кардамон
- 1/4 лажичка цимет
- 1/4 чајна лажичка анасон
- 1 чаша врела вода
Подготовка:
Во водата што врие додадете ги билките. Нека врие десет минути, а потоа нека отстои пет минути. Се сервира топло.
Уживајте!
Други содржини
Најпродавани
производи