Пулсна дијагностика

Пулсна дијагностика или “Нади Парихша” е древна Aјурведска техника за добивање дијагноза преку пулсот. Со оваа техника се служат Aјурведските доктори со цел точно да ја дијагностицираат физичката, менталната и емоционалната нерамнотежа на телото, како и болестите.

Оваа техника се користи веќе 5000години, како дел од Ајурведата која е најстариот медицински систем.

“Нади” или пулсот е оној витален проток на енергија и живот кој низ телото поминува како суптилен канал и му овозможува на Ајурведскиот доктор да го почувствува начинот на кој крвта стигнува од срцето. За квалификуваниот лекар, проверувањето на пулсот е повеќе од броење на срцевите удари. Функционирањето и здравјето и состојбата на умот може да се одреди од пулсот, вклучувајќи го и балансот на дошите, здравјето на различните органи, предупредувачките знаци на потенцијални проблеми кои може да се појават подоцна и така натаму. Со откривање на раните симптоми на нерамнотежа и реакција на болести во телото, може да се преземат превентивни чекори за да се коригира проблемот пред да се претвори во болест.

Радијалниот пулс се чувствува со првите три прста, показалец, среден и домал прст. Пулсната дијагноза е античка уметност и наука за откривање на постоечкиот статус на телото, умот и душата на едно лице.

Со плусната дијагностика освен разбирањето на причината за тековните заболувања, дијагнозата ја следи болеста назад кон неговото потекло. Дури и суптилни нивоа на каузални фактори како емоционални проблеми или специфични мисли на поединецот. Со пулсната дијагностика Ајурведскиот доктор определува кој тип на пракрити сте (Вата, Пита или Кафа). Секоја нерамнотежа на дошите ќе придонесе до болест.

Точноста на читањето на пулсот зависи од интуитивната свест на докторот и способноста да ги разбере вибрациите кои ги дава пулсот. Оваа осетлива свеснот ја одредува успешноста на пулсната дијагностика.