Принцип на три доши

Според Ајурведа секој човек е создаден од пет основни елементи кои се наоѓаат во универзумот. Тие се: земја, вода, оган, воздух и етер.

Овие елементи се комбинираат во човековото тело за да формираат три животни сили или енергии, наречени доши. Трите доши се: вата доша, пита доша и кафа доша.

Секој се раѓа со уникатна комбинација од трите доши. Но, една од нив вообичаено доминира во однос на другите. Секоја од нив контролира различна телесна функција. Тие се одговорни за физичките, биолошките и за психолошките карактеристики на поединецот. За поедноставно разбирање може да кажеме дека Вата или кинетичката енергија е како воздух во универзумот, Пита или топлинската енергија е како огнот, а Кафа или потенцијалната енергија е како земјата.

Здравјето според Ајурведа е балансот на овие три енергии. Нивната нерамнотежа е причина за болест или за лошо здравје.

Рамнотежата на тие „три-енергии“ може да се одржува со исхрана, правилен начин на живот, различни ајурведски билки, минерали и примена на ајурведски техники. Нивната рамнотежа е нарушена од неправилен начин на живот, продолжен физички и ментален стрес, лоши диететски навики и некомпатибилна храна.

Ајурведата е начин на живот во хармонија со природата и нè насочува како да одржуваме константна состојба на здравје. Таа објаснува детали за нега на телото, секојдневни рутини, исхрана и различни начини за промовирање на здравјето на природен начин, а со тоа и одржување на рамнотежата на „трите енергии“.

Затоа, од советите и режимот на исхрана кои ќе ги добиете можете да го исполните вашиот живот со здравје, среќа, радост и благосостојба во голема мера.

„Незнаењето е причина за сите болести, знаењето е начин да се живее спокојно“.