Според принципите на ајурведата, ПИТА е одговорна за варењето на храната, метаболизмот, имунолошката функција и производство на енергија. Вишокот пита енергија предизвикува здравствени проблеми како што се акни, исфрлање на кожата, воспаление, артритис, дијареја, чир, хемороиди, гастрит, опаќање на косата, жештини и анксиозност. За да ја балансирате пита енергијата, Планет Ајурведа ви препорачува домашен напиток.
Домашен напиток за балансирање на Пита доша
Состојки;
1/4 чајна лажичка семе од ким
1/4 чајна лажичка коријандер
1/4 чајна лажичка анасон
1/4 лажичка свеж магдонос
1/4 лажичка ливчиња од роза
1 чаша врела вода
Подготовка:
На овие состојки додадете ја водата што врие. Чувајте пет минути и сервирајте ладно или на собна температура.
Лицата со зголемена КАФА имаат тенденција да се чувствуват ладно, уморно, бавно и тешко се будат во утринските часови. Според Ајурведата, зголемената кафа може да доведе до слаба циркулација, дигестивни проблеми, зголемување на телесната тежина и може да придонесе за состојби како дијабетес, висок холестерол, срцеви заболувања, алергии и депресија.
Домашен напиток за балансирање на Кафа доша
Состојки:
1/4 лажичка сув ѓумбир
1 каранфилче
1/4 чајна лажичка копар
1/4 чајна лажичка грчко семе
1 чаша врела вода
Подготовка:
На овие состојки додадете вода што врие, чувајте пет минути и сервирајте жешко.
ВАТА типовите имаат сува или груба кожа и не сакаат студ. Ако не се балансира Вата може да предизвика запек, вознемиреност, несоница, главоболка, немир, замор и лоша меморија. Болки во коските и зглобовите, па дури и артрит, спондилоза или дискус хернија.
Домашен напиток за балансирање на Вата доша
Состојки:
1/4 ѓумбир ( свежо рендан)
1/4 чајна лажичка кардамон
1/4 лажичка цимет
1/4 чајна лажичка анасон
1 чаша врела вода
Подготовка:
Во водата што врие додадете ги билките. Нека отстои пет минути. Се сервира топло.
Други содржини
Најпродавани
производи