Пита доша

Пита доша (оган и вода) ја симболизира трансформацијата. Таа се грижи за метаболичките активности на телото, варењето и ослободувањето на енергија. Пита е одговорна за температурата на телото, визуелна перцепција, нивото на хормоните, интелигенцијата, гладот, жедта, квалитетот на кожата. Лицата со Пита карактеристики се генерално огнени и агресивни по природа. Тие покажуваат чувство на гнев во умот и телото.
- Тие имаат средна тежина и висина
- Имаат мека, ретка и масна коса. Опаѓањето на косата е прилично често
- Имаат добра дигестија и добар апетит
- Имаат добар сон.
- Имаат умерена енергија и издржливост
- Очите им се чуствителни на светлина
- Имаат мека, мрсна и топла кожа
- Имаат чувствителна кожа склона кон пеги и бемки
- Не поднесуваат топлина, склони се на потење и жештини.
- Силна интелегенција
- Силна моќ на концентрација, со добра меморија
- Лидери и добри донесувачи на одлуки
- Амбициозни, дисциплинирани и прецизни
- Можат да бидат тврдоглави, претерано кртитчни и да наредуваат
- Агресивни, остри
- Аргументативни, добри говорници
- Директни, искрени, храбри и упорни
- Остроумни и логичари
- Ги интересира спорт, политика и скапоцености
- Осип на кожата и други кожни компликации
- Проблеми со видот или црвенило и воспаление на очите
- Опаѓање на косата
- Чир или хемороиди
- Склоност кон крварење и модринки
- Жештина и црвенило
- Проблеми со желудникот
- Раздразливост, лутина, критики, нетолеранција и љубомора
- Избувливи и агресивни
Кога луѓето кои имаат карактеристики на Пита се во перфектен баланс, тие имаат еден енергичен и успешен живот.