Услови за програма за лојалност
Добредојдовте во програмата за лојалност на Planet Ayurveda. Овие услови ги регулираат правилата за собирање и користење на поени.
Последно ажурирање: Декември 2024 • Верзија: 2.0
Преглед на нивоа
| Ниво | Производи (12 месеци) | Поени по производ | Макс. попуст производи | Макс. попуст AI диј. | Макс. попуст консулт. |
|---|---|---|---|---|---|
| 🥉 Bronze | 1-15 | 10 | 5% | 40% | 20% |
| 🥈 Silver | 16-30 | 20 | 8% | 70% | 30% |
| 🥇 Gold | 31+ | 40 | 12% | 100% | 40% |
1. Општо
1.1 Програмата за лојалност е наменета за сите регистрирани корисници на planetayurveda.mk.
1.2 Учеството е бесплатно и автоматски се активира со креирање на кориснички профил.
1.3 Поените немаат парична вредност и не може да се заменат за готовина.
1.4 1 поен = 1 денар попуст при искористување.
1.5 Програмата важи само за територијата на Република Северна Македонија.
1.6 Planet Ayurveda го задржува правото да ја измени или укине програмата со претходна најава.
1.7 Со учество во програмата, се согласувате со овие услови.
2. Членство и профил
2.1 За учество е потребен валиден кориснички профил со потврдена email адреса.
2.2 Едно лице може да има само еден кориснички профил.
2.3 Профилот не може да се пренесе на друго лице.
2.4 При неактивност подолга од 24 месеци, профилот може да биде деактивиран.
3. Нивоа на лојалност
3.1 Постојат три нивоа: Bronze, Silver и Gold.
3.2 Нивото се одредува врз основа на бројот на купени производи во последните 12 месеци.
3.3 Пресметката на нивото се врши еднаш месечно (прв ден во месецот).
3.4 Новото ниво важи од следниот месец за сите нови купувања.
3.5 Секое ниво носи различни бенефити: поени по производ, дневни поени за најава, и максимални попусти.
3.6 Нивото може да се спушти ако бројот на производи во последните 12 месеци падне под прагот за тековното ниво.
4. Собирање поени
4.1 Онлајн нарачки:
- Поени се доделуваат автоматски по завршување на нарачката
- Поени = број на производи × поени по производ (според ниво)
- Се бројат само успешно испорачани нарачки
4.2 Купување во продавница:
- Покажете го профилот на касата за евиденција
- Поените се внесуваат од персоналот
4.3 Купување во аптеки:
- Прикачете фотографија од сметката во профилот
- Сметката мора да биде читлива и да содржи: име на аптека, производи, количини, датум
- Поените се одобруваат по рачна верификација (до 72 работни часа)
4.4 AI Дијагностика (по завршување):
- Bronze: 50 поени
- Silver: 80 поени
- Gold: 120 поени
4.5 Докторска консултација (по реализација):
- Bronze: 150 поени
- Silver: 220 поени
- Gold: 300 поени
4.6 Дневна најава:
- Bronze: 2 поени/ден (макс. 60/месец)
- Silver: 4 поени/ден (макс. 120/месец)
- Gold: 6 поени/ден (макс. 180/месец)
4.7 Поените се доделуваат само за оригинални купувања, не за подарок-картички, достава или други услуги.
4.8 Planet Ayurveda може да понуди бонус поени за промотивни периоди.
5. Верификација на сметки од аптеки
5.1 Сметката мора да биде прикачена во рок од 30 дена од датумот на купување.
5.2 Максимум 10 сметки месечно можат да се прикачат по корисник.
5.3 Сметката мора да биде читлива и да содржи: име на аптека, производи со количини, датум и вкупен износ.
5.4 Дупликат сметки не се прифаќаат.
5.5 Одобрувањето се врши во рок од 72 работни часа.
5.6 Сметки кои не ги исполнуваат условите ќе бидат одбиени со образложение.
5.7 Стандардни причини за одбивање: нечитлива сметка, недостасува производ/количина, недостасува датум/продавач, дупликат, истечен рок, сметката не содржи наши производи.
6. Користење поени - општи услови
6.1 Минимум 150 поени се потребни за искористување.
6.2 Поени можат да се искористат за: производи, AI дијагностика, докторска консултација.
6.3 1 поен = 1 денар попуст.
6.4 Максималниот попуст зависи од типот на услуга/производ и тековното ниво.
6.5 Поени се одбиваат од цената на производот/услугата, НЕ од доставата.
6.6 Искористените поени не можат да се вратат.
6.7 Попуст со поени не може да се комбинира со било каков друг попуст или купон.
7. Користење поени за производи
7.1 Минимум 2 производи ИЛИ минимум 1.300 ден. вкупна вредност на кошничката (без достава).
7.2 Максимален попуст по ниво:
- Bronze: до 5% од вредноста на производите
- Silver: до 8% од вредноста на производите
- Gold: до 12% од вредноста на производите
8. Користење поени за AI дијагностика
8.1 Редовна цена на AI дијагностика: 499 ден.
8.2 Максимален попуст по ниво:
- Bronze: до 40% (199,60 ден. максимален попуст)
- Silver: до 70% (349,30 ден. максимален попуст)
- Gold: до 100% (бесплатна дијагностика)
8.3 Поените се одбиваат при плаќање.
8.4 Попустот важи за една дијагностика.
9. Користење поени за докторска консултација
9.1 Редовна цена на консултација: 1.890 ден.
9.2 Максимален попуст по ниво:
- Bronze: до 20% (378 ден. максимален попуст)
- Silver: до 30% (567 ден. максимален попуст)
- Gold: до 40% (756 ден. максимален попуст)
9.3 Поените се одбиваат при резервација.
9.4 Попустот важи за една консултација.
10. Рок на важност на поени
10.1 Поените важат 12 месеци од моментот на добивање.
10.2 Истечените поени автоматски се бришат и не можат да се вратат.
11. Враќања и сторно
11.1 При враќање на производ, поените добиени за тој производ се одземаат.
11.2 При враќање на производ купен со попуст од поени, се враќа само реално платениот износ.
12. Контрола и злоупотреба
12.1 Planet Ayurveda го задржува правото да ги провери сите трансакции и прикачени сметки.
12.2 При сомневање за злоупотреба, профилот може да биде суспендиран до разјаснување.
12.3 Злоупотреба вклучува: лажни сметки, повеќе профили, пренос на поени, манипулација со системот.
13. Измени на програмата
13.1 Planet Ayurveda може да ги измени условите со претходна најава од 30 дена.
13.2 Известувањето ќе биде објавено на веб-страната и/или испратено по email.
Контакт:
За прашања во врска со програмата за лојалност, контактирајте не на:
Email: info@planetayurveda.mk
Телефон: +389 70 350446
Адреса: УЛ. Козара 68 1-лок.9, Скопје 1000, Северна Македонија