Кафа доша
Кафа доша (вода и земја) главно одлучува за структурата на телото на секоја индивидуа. На телото му дава стабилност и издржливост, помага во формирањето на масното, мускулното и коскеното ткиво. Главната функција на овој елемент е подмачкувањето и заштитата на телото. Го штити и подмачкува дигестивниот тракт, ги подмачкува зглобовите, ги штити и храни мозокот, белите дробови и срцето. Помага и во формирањето на седумте главни ткива на човекот, крв, хранливи течности, масти, коски, срж, репродуктивни ткива и мускули. Таа го контролира растот и обезбедува имунитет.
- Одлична физичка издржливост и кондиција
- Силна градба и мускули
- Големи коски
- Склони се кон дебелеење
- Густа, сјајна и мрсна коса
- Големи очи со долги трепки
- Силни и големи заби
- Дебела и ладна кожа
- Длабоко и гласно спиење
- Зборуваат бавно и мелодично
- Имаат смирено и бавно движење
- Инертни се и сакаат да го поминуваат животот лежејќи
- Силни, смирени и бавни
- Лојални, стабилни
- Имаат долгорочна меморија
- Бавно го менуваат расположението
- Потребно им е време за да одлучат
- Даваат голема поддршка
- Толерантни, трпеливи
- Мирни и приврзани
- Самопожртвувани, полни со љубов и сочуство
- Внимателни, романтични и сентиментални
- Можете да се поттпрете на нив
- Не се премногу креативни или со претприемнички способности, но добро функционираат.
- Имаат вродена способност да уживаат во животот и се чувствуваат удобно со рутината
- Прекумерно спиење, летаргија и мрзеливост
- Дебелеење и задршка на вода, едема
- Имаат тенденција да се приврзуваат за нештата, работните места или врските долго откако повеќе не се присутни
- Тврдоглавост, посесивност, завист, алчност
- Даваат отпор на промени
- Страдаат од хронични заболувања, како дијабетес, алергии и астма, покачен холестерол и триглицериди
- Настинки и кашлица, пробелем со синуси
- Депресија
- Слабо варење
Кога луѓето кои имаат карактеристики на Кафа се во перфектен баланс, тие уживаат во релаксираност, водејќи удобен рутински живот.