Конзумирајте:

При артритис важно е да консумирате течна, лесна, топла храна. Храната пожелно е да биде термички обработена за да биде полесна за варење.

Употребувајте ѓумбир, лук, анасон, бибер, цимет, ким, коријандер, ленено семе.

Се препорачуваат сите овошја освен цитрусните. Консумирајте јаболко, лубеница, грозје, јагоди, малини, авокадо, банана.

Од зеленчук особено се препорачува: тиква, тиквица, морков, цвекло, брокула, кромид, компир, спанаќ.

Куркумата е многу корисна за уринската вкочанетост. Секојдневно консумирајте мешавина од половина лажиче куркума, прстофат бибер и половина лажиче мед (наутро и навечер).

Лукот е многу ефикасен при ревматичен артрит, тој ја намалува болката и воспалението.

Се препорачува бадемово масло, 10-15 мл. со топла вода или млеко да се зема навечер пред спиење.

Ги (Ghee – прочистен кравји путер) користете по 1 кафено лажиче дневно.

Од млечните производи може да конзумирате ретко, нискомаслен јогурт.

Путер од кикирики, маслиново масло.

Одвечер оставете во вода 8 бадеми, наутро да се изедат.

Пченица, киноа и просо.

Дозволено е умерено да се користи јајца, пилешко, риба (печени или на скара).

Витамин Д, Ц и Е, Калцум.

Не ги избегнувајте природните нагони и контролирајте ја тежината.

Редовно вежбајте, најдобро е да пешачите наутро и навечер, да вежбате умерено аеробик, возите велосипед или пак да практикувате јога.

Од засладувачи се препорачува мед.

Пијте најмалку 8-10 чаши вода дневно.

Избегнувајте:

• При артритис храната која ја консумирате не треба да биде сува и ладна.

• Студена вода. Студената вода доведува до болки и вкочанетост.

• Храна која тешко се вари. Брза, зачинета и замрзната храна.

• Млечни производи и црвено месо.

• Алкохол, кафе и газирани пијалоци.

• Домати, модри патлиџани и мешунки да се користат многу умерено.

• Цитрусни овошја, портокали, лимони, киви. Исто така и оцет. Се дозволува само до половина лимон дневно во салата.

• Бело брашно и пецива, како и бел ориз. Шеќер, бисквити, колачи, пакувана храна.

• Пушењето е многу штетно во оваа состојба.

• Избегнувајте стрес. Квалитетниот сон е многу важен за менаџирање на артритот.

Локална апликација: За локална апликација се препорачува рицинусово масло, измешано со куркума. Затоплено и аплицирано на болното место. Откако ќе го измасирате зглобот, покријте го со платно и потоа 10 мин. држете врз него шише со топла вода. Измијте со млака вода.

Мали домашни рецепти:

  • Останати свежи сокови: Една шолја на зелен сок, добиен од зеленкаст зеленчук, промешано со еднаков однос со морков, целер и сок од цвекло е добар за артритис. Дејството на алкалинот од свежиот сок ја разблажува наталожената течност во глуждовите и останатите ткива. Шолја свеж сок од ананас се смета за важен за оваа состојба затоа што ензимот бромелин кој го содржи ананасот го намалува отокот и воспалувањето кај остеоартритисот и реуматичниот артритис.
  • Семе од сусам: Една кафена лажичка од црно семе од сусам, потопено во 50мл вода се остава да отстои во текот на ноќта. Водата во која било потопено семето од сусам, заедно со семето се конзумира наредното утро.
  • Луцерка: Чајот подготвен од луцерка, особено од нејзиното семе, се покажа како одлично средство за третман на артритис. Една кафена лажичка од луцерка се додава во една шолја вода. Се пијат три до четири шолји од овој чај во период од најмалку две недели секој ден.
  • Копар: Една чаша вода со една мала лажичка копар се остава од навечер да преноќи. Наутро да се испие водата на гладен стомак.

Други содржини

Најпродавани
производи