Што е Ги путер

Ги (Ghee) е прочистен путер којшто се добива при процес на готвење на путер на ниска температура. Ги-путерот ја има способноста да продира до сите делови од телото  каде врши позитивно влијание на многу телесни и ментални функции. Во текот на готвењето на путерот водата испарува, а тврдите млечни состојки се издвојуваат и собираат со лажица. На таков начин се добива вкусно и мирисно масло без било какви додатоци.

Ги е главен производ во традиционалната индиска кујна и ајурведската медицина. Тоа е чиста и лековита намирница којашто содржи заситени и незаситени масни киселини. Без оглед на заситените масни киселини, Ги го намалува нивото на штетниот холестерол во крвта. Ги не содржи казеин и лактоза, поради што е погоден за оние кои се алергични на млеко. Не содржи сол, шеќер, арома или конзерванси, го збогатува вкусот на храната, отпорен е на топлина и е прикладен за пржење.

Бенефити од Ги – путерот

• Ги штити зглобовите
• Го подобрува видот
• Го јакне имунитетот
• Ја подобрува меморијата
• Го храни и заштитува мозокот и ја јакне интелигенцијата
• Ја регулира столицата и го подобрува дигестивниот систем
• Ја зајакнува виталноста
• Го успорува процесот на стареење
• Го забрзува зараснувањето на повредите
• Ги чисти крвните садови
• Го намалува нивото на штетниот холестерол

Како да подготовите ГИ

Потребни состојки:
1. 500 грама органски,   кравји путер
2. Средна големина сад за готвење
3. Прибор за мешање
4. Ткаенина за цедење
5. Чист стаклен сад 

Приготвување
Путерот исечете го на помали делови, и ставете го во садот на тивок оган додека полека не се стопи. Намалете го огнот.
Потоа гответе ја загреаната содржина 10-15 минути. Притоа путерот ќе помине низ повеќе фази. Најпрвин ќе пени, па ќе врие и кога ќе престане со меурчињата повторно ќе почне да пени. Кога втората пена ќе се појави, тогаш вашето ГИ е спремно. Стопениот путер ќе биде светло златен со мали кафени делчиња на преостанато млеко на дното на садот.
Тргнете го од огнот и оставете го 2-3 минути полека да се олади, а потоа низ челичната цедалка и ткаенината претурете го во чистиот стаклен сад.
ГИ-то е чист путер и не содржи никакви траги од млеко. На собна температура рокот на употреба му е 1 месец, додека во ладна просторија или фрижидер и повеќе.
Употребувајте го како маст за готвење на секакви јадење, како прелив на печен компир или намаз на леб.
“ГИ”-то е многу повеќе од путер, богато со хранливи нутриенти и зачинет вкус.

Витамини кои ги содржи се: А, Е, К2, Омега 3 и Омега 9 масни киселини.
Добар апетит.

Други содржини

Најпродавани
производи