Зошто балансирана диета е многу важна?

Конзумирањето на здрава храна е важно за сите нас, но кога некој е дијагностициран со рак на дојка тие напори мора да ги зголеми и навистина да внимава што конзумира.

Сепак, понекогаш и да внесете нешто што не треба не бидете строги кон себе, затоа што сепак борбата се води на два фронта, физичкиот и емотивниот. Затоа велиме дека балансот е најважната карактерна особина која мора да ја совладате.

Водич за здрава храна

Конзумирањето здрава храна додека се борите со ракот, како и после терапијата и вашето исцелување е многу важно, затоа пробајте да конзумирате секоја од овие 4ри главни типови на храна секој ден.

• Јадете најмалку 5 порции од најразлично овошје и зеленчук
• Основајте ги оброци на растителна храна како компир, леб, ориз, паста или други карбохидрати. Секогаш користете интегрално пред обично брашно.
• Конзумирајте Јогурт со ниска масленост или замена за млечни производи како Соја напитоците.
• Јадете јаткасти, зрнести и целулозни плодови. Тие содржат нависоко ниво на растителни масти, влакна, протеини и живи витамини и минерали.
• Маслиновото масло користете го како замена на сончогледовото.
• Од животинско производство, ретко но препорачано е јајце или морка риба.

Придржувајте се кон овој начин за исхрана за брзи и позитивни резултати.

Други содржини

Најпродавани
производи