ИСХРАНА ПРИ ЗАМАСТЕН ЦРН ДРОБ
Водич за здрава храна
ДИЕТЕТСКА ВАЖНОСТ
• Избегнувајте пржена, зачинета и преработена храна
• Избегнувајте млечни производи вклучувајќи млеко, обработено сирење, павлака, јогурт и путер. Можете понекогаш да користите ги(Ghee) и моцарела
• Производите од соја исто така треба да се земаат ограничено
• Избегнувајте засладена процесуирана храна и газирани пијалоци
• Избенувајте и пилешко и мисиркино месо бидејќи се полни со хормони за раст и тоа ќе го зголеми обемот на работа на црниот дроб
• Избегнувејте секаков вид на месо освен риба која можете да ја конзумирате но умерено
• Пијте 2 л вода секој ден, за детоксификација
• Зеленчукот како што се цвеклото, тиквата, модриот патлиџан, зеленолиснат зеленчук, морковите, брокула, ротквиците, авокадото и папајата се особено успешни кај ваквата состојба
• Се препорачува и мешункастиот зеленчук
• Корисни се и чаевите од: рузмарин, глуварче и зелениот чај.
• Користете маслиново масло
Сокови од зеленчук
Сокот од моркови, во комбинација со сок од спанаќ, се смета за корисно при проблеми со црниот дроб.
200мл сок од спанаќ треба да се промеша со 300мл сок од морков за да се подготви смеса од 500мл или половина литар мешавина од овие сокови. Или по избор, 300 мл сок од морков, промешан со 100 мл. сок со краставица и цвекло и ваквиот сок може ефикасно да се употребува за истата примена.
Билки
Aloe vera, Echinacea, Philantus niruri, Turmeric, Neem, Punarnava, Katuki.
Останати мерки
Редовното вежбање без големо оптеретување е многу важно. Особено редовното пешачење.
Други содржини
Најпродавани
производи