Дали бројот на сперматозоиди Ви пречи во планирањето на вашето семејство? Дури и ако не се гледате како татко на дете наскоро, ова прашање може да биде загрижувачко. Но, добрата вест е дека промените во животниот стил и природните лекови можат да Ви помогнат да се справите со овој проблем. Ако успеете да направите неколку измени во вашиот живот и да се откажете од некои навики, Вие сигурно ќе забележите подобрување на бројот на сперматозоиди. Исто така, постојат голем број на природни билни производи на кои можете да сметате.

Корен од Мака

Перуанците го користат коренот од мака за проблеми поврзани со либидото со генерации. Коренот помага да се подобри бројот на сперматозоиди покрај подобрувањето на волуменот на спермата се подобрува и подвижноста на спермата. Богато со магнезиум, железо, аминокиселини и јод, се покажа дека коренот од мака помага за сите овие параметри.

Бенефитите од Ашваганда

Ајурведскиот хербален лек Ашваганда (withania somnifera) е сосема природен начин за подобрување на бројот на сперматозоиди. Истражувачите забележале дека конзумирањето на екстрактот ја подобрува не само концентрацијата на спермата, туку и морфологијата и подвижноста. Со други зборови, Вие не само што ќе забележите зголемување на бројот на сперматозоиди, туку исто така ќе видите подобрување на квалитетот на спермата.

Корени од бел аспарагус

Корените од бел аспарагус богати со гликозид се користат во исушена форма за да се подобри бројот на сперматозоиди. Како дополнителен поттик, консумирањето на овој лек може да помогне и доколку имате проблем со предвремена ејакулација.

Tribulus terrestris

Tribulus terrestris е Ајурведска билка која е позната како Gokshure. Оваа билка најчесто се користи како афродизијак и за поддршка на уринарниот трак. Таа функционира како потентна билка за подобрување на ниско либидо. Gokshur билните екстракти не содржат хормони, но доведуваат до синтеза на лутеинските хормони како хормон (LH) и тестостерон.

Бидете фит, ослабете

Дебелината е поврзана со помал број на сперматозоиди, па затоа да се биде во фит форма треба да Ви биде приоритет. Студиите откриле дека олигозооспермијата, состојба каде подвижниот број на сперматозоиди прогресивно опаѓа, е тесно поврзана со машката дебелина. Ниската концентрација на сперматозоиди е исто така честа кај дебелите мажи, при што многумина имаат проблем и со еректилна дисфункција. Значи, нема што многу да се изгуби, освен вишокот килограми!

Опуштете се со јога

Истражувачите откриле дека стресот може да предизвика хаос во вашето репродуктивно здравје и негативно да влијае на квалитетот и производството на сперматозоиди. Вежбањето јога може да го намали стресот и проблемите со анксиозноста.

Оддалечете се од лошите навики

Лаптоп и смарт телефони

Држењето на лаптопот на скут додека работите е прилично позната причина за проблеми со плодноста. Но, дали знаевте дека користењето Wi-Fi конекција може да направи уште полошо? Лаптопот предизвикува изложеност на радиофреквентни електромагнетни бранови, а употребата на Wi-Fi го зголемува нивото на емисии на кои е изложено вашето тело. Избегнувајте да го чувате телефонот постојано во џебовите на панталоните или кошулите.

Алкохол

Прекумерно консумирање алкохол може да биде проблематично, што може да доведе до целосно отсуство на живи сперматозоиди во најлош случај.

Пушење на цигари

Ова е за уште едно големо НЕ доколку сакате да го подобрите здравјето на сперматозоидите. Тоа може негативно да влијае на сè, од бројот на сперматозоиди до густината на сперматозоидите, како и процентот на подвижни сперматозоиди.

Користете ладен туш

Според една студија во Калифорнија, менувањето на температурата на водата во бањата може значително да влијае на здравјето на спермата. Во студијата, стопирањето на бањите со топла вода предизвикало скоро половина од испитаниците да доживеат близу 500 проценти зголемување на бројот на сперматозоиди во споредба со времето кога имале жешки бањи. Експертите сугерираат дека за производството на сперма да продолжи на оптимално ниво, треба да се одржува температура од 34,5 степени Целзиусови во тестисите. Ова е помалку од температурата на вашето тело, па топла бања сигурно нема да помогне во каузата.

 

Други содржини

Најпродавани
производи