Многу е важно да имате силен имунолошки систем кој може да се бори против бактериите и вирусите со кои може да се сретнете. Aко подолг период чувствувате дека не ви е добро, секогаш сте настинати, вашето ниво на стрес е небесно високо, имате дигестивни проблеми, вашите рани бавно зараснуваат, имате чести инфекции, цело време се чувствувате уморни, веројатно проблемот е во вашиот имунитет. Тој може да заслабне и поради стрес, проблеми со спиењето или лоша исхрана. Затоа и на вашето тело му е тешко да се избори со настинките. Дополнително, лачењето на кортизол (стрес-хормон) исто така го заслабнува имунитетот. Ајурведата, древниот индиски систем на здравствена заштита, нуди природен начин за одржување на здраво тело. Билките како што се амла, мулети, гилој, ашваганда, ѓумбир, тулси, куркума, брахми и кардамон се корисни за вашиот имунолошки систем. Исто така, мед и Ги (прочистен кравји путер) делуваат како природни подмладувачи.
Амла или индиското цариградско грозде е најбогатиот и најдобар природен извор на витамин Ц. Исто така содржи калциум, железо, фосфор, албумин, целулоза, влакна, јаглени хидрати, шеќер и вода. Според ајурведата, плодот на амла помага да се намалат сите 3 доши – вата, пита и кафа, кои, кога се влошуваат над нивните нормални граници, предизвикуваат болест. Посебните својства на подмладување и ревитализација на целокупните системи на телото ја прават амлата многу корисна за зголемување на отпорноста на телото. Добра е за мозокот, очите, срцето, кожата и косата. Го подобрува апетитот и варењето на храната.
Куркумата се користи нашироко во Индија и за готвење и за медицински цели. Се верува дека ги балансира сите 3 доши. Затоа, куркумата се препорачува кај голем број на заболувања, а исто така и како моќна билка за зајакнување на имунитетот. Има антибактериско и антивоспалително дејство. Го чисти црниот дроб, помага при алергии, астма, артритис, дигестивни проблеми и анемија. Го зголемува имунитетот на природен начин, голем извор е на железо.
- Ѓумбир
Според ајурведските текстови, бидејќи ѓумбирот е жешка билка, тој помага во намалувањето на влошените вата и кафа доши. Ѓумбирот помага во борбата против инфекциите и го зајакнува нивото на имунитетот. Ѓумбирот може да се користи при артритис, гихт и други форми на болки во зглобовите и мускулите. Правот од сув ѓумбир измешан со масло од сусам и масиран на зглобот дава добро олеснување на болката. Исто така, ѓумбирот помага кај скоро сите видови респираторни нарушувања како кашлица, настинка, пневмонија, астма и бронхитис. Покрај тоа, може да се конзумира во која било форма – свеж, сушен, во прав или сок.
Тулси или светиот босилек содржи специфични антиастматски и антиинфективни својства. Ајурведата го препорачува светиот босилек за зајакнување на респираторниот систем. На организмот може да му помогне да се избори на природен начин со вирусите. Се употребува при кашлици, настинки, трески, главоболки, проблеми со белите дробови, надразнет абдомен, кожни заболувања, затнат нос, бактериски и вирусни инфекции. Тулси има антимикробни и антиинфламаторни својства кои се должат на еугенол маслото, присутно во листовите. Корисно е при инфекции на респираторниот тракт, важи за природен анибиоик и зацврснувач на имунитетот. Урсоличната киселина пак присутна во тулси има антиалергиски својства. Растението може да игра улога во регулирањето на имунолошките нарушувања, како алергии и астма. Докажано е дека светиот босилек ја инхибира големината и прогресијата на туморот и ракот на дојка и без да предизвика штета на здравите ткива и клетки на телото и без никакви несакани ефекти. Светиот босилек е билка и за многу општи болки како што се главоболките, очните нарушувања, забните нарушувања, усните инфекции. Листовите на растението се тоник за нервите и ја подобруваат меморијата.
Познатата билка која го зајакнува имунолошкиот систем и ја зајакнува природната одбрана на телото. Се бори со респираторни проблеми, ги намалува астматичните симптоми, третира температура, треска и кашлица. Го намалува стресот и анксиозноста. Го подобрува варењето на храната итретира дијабетес. Ги намалува знаците на стареење.
Ашвагандата е природна билка која е корисна за зајакнување на имунитетот и за обновување на нивото на енергија. Исто така го одложува процесот на стареење. Помага за намалување на стресот и анксиозноста. Ја подобрува функцијата на мозокот.
Други содржини
Најпродавани
производи