Планет Ајурведа Ви предлага домашни лекови што можете да ги направите дома за да останете здрави:

1. Пиењето сок од калинка секој ден е добро за срцето и корисно за луѓе кои страдаат од низок крвен притисок.

2. Еден природен третман за киселини во желудникот е џвакање на неколку лисја на босилок после оброк. Ова не само што работи како антацид бидејќи му помага на организмот да апсорбира храна, туку исто така го спречува рефлуксот и формирањето на чиреви.

3. Шмукањето парче каранфилче после оброкот помага во намалување на проблемот со киселоста.

4. Главоболката предизвикана од летната топлина се лечи со конзумирање на сок од лубеница. Само една чаша на ден чуда прави!

5. Јадењето јаболко на празен стомак наутро ја ублажува болката од мигрената. Ова мора да се направи неколку утра.

6. Отворете 6 урми и вриејте во 1/2 литар млеко 25 минути на тивок оган. Пијте три чаши на ден. Ова е лек за сува кашлица.

7. Измешајте 2 лажички мед со еднаква количина на сок од ѓумбир. Помага при обичната настинка, кашлица и болки во грлото.

8. Јадете, пред појадок, половина чаша варено цвекло ако страдате од хроничен запек или проблеми со дигестивниот систем.

9. Ајурведски сируп за кашлица. Излупете и исецкајте шест средни главици кромид. Ставете ги парчињата во сад и додадете четири лажици мед. Покријте ги и оставете ги на тивок оган два часа. Земајте по една лажица на секои три часа.

10. Ренданата краставица што се нанесува на лицето, очите и вратот, петнаесет минути, е многу корисна при акни и црнки на лицето.

 

11. Едноставен лек за анемија или недостаток на железо, смеса од 3-4 меки урми со млеко и додадете малку Ги (прочистен кравји путер) во него. Јадењето на оваа смеса ќе Ви помогне да ја спречите анемијата.

12. Домашен лек за лекување на темни кругови околу очите- Пастата од домати е едно од најефикасните лекови за темните кругови. Можете лесно да го направите дома. Земете еден или два свежи домати, една лажица сок од лимон и малку (грам) брашно и куркума во прав. Убаво изблендирајте ги овие состојки додека не станат густа паста и нанесете ја многу нежно околу очите. Исплакнете го нежно со чиста вода по 10 или 20 минути. Повторувањето на овој процес двапати или трипати секоја недела ќе направи вашите темни кругови да исчезнат целосно.

13. Најдобар природен лек за воспаление на грлото е гаргара со куркума и сол. Измешајте: ½ чаша топла вода со лажичка сол и ¼ лажиче куркума во прав. Откако ќе направите гаргара, не пијте или јадете ништо барем пола час за солта и куркумата да си ја завршат работата за убивање на бактериите. Ова можете да го повторувате онолку често колку што ви треба во текот на денот.

14. Капка сок од лук во увото помага да се ослободите од болката од инфекција на увото.

15. Мешавина од сода бикарбона и сок од лимон нанесена под пазуви ќе го намали мирисот на телото.

16. Во тенџере со топла вода додадете семе од анасон, а потоа варете го пет минути на ниска температура. Исцедете го растворот и потоа испијте го. Можете да џвакате и свежи листови од анасон, ако можете да го поднесете вкусот. Друго, можете да земете мешавина од анасон, кардамон и лисја од нане и да ги сварите во вода, ова може да помогне при гасови во стомакот.

17. Лимонот е еден од најбогатите извори на витамин Ц на планетата и исто така содржи хранливи материи како витамин Б, рибофлавин, фосфор, магнезиум и калциум. Сок од лимон со топла вода може да помогне да се елиминираат токсините во вашиот организам и служи како тоник за црниот дроб. Дневниот внес на вода со лимон има неколку здравствени придобивки: го одржува вашиот стомак здрав, делува како лек за гадење, проблеми со варење, висок крвен притисок, стрес и депресија.

18. Кога страдате од мамурлак, милкшејк со банана со мед може да ви даде огромно олеснување. Студеното млеко ја смирува обвивката на желудникот, а бананите со мед го подобруваат осиромашеното ниво на шеќер во крвта.

19. За тешка кашлица, измешајте сок од босилок со сок од лук и мед. Лажичка од оваа смеса се зема еднаш на секои три часа за лекување на прекумерно кашлање.

 

Други содржини

Најпродавани
производи

  • Neem | Ним

    1.090 ден

  • Amalaki Rasayan | Амалаки Расајан

    1.090 ден

  • Brahmi | Брахми

    1.090 ден

  • Ashwagandha | Ашваганда

    1.090 ден