Анксиозноста е постојано чувство на притисок, стегање, немоќност за олабавување и релаксација, немање животна радост. Состојбата се јавува кај сите возрасни групи, но е најчеста кај средовечните луѓе. Два пати е почеста кај женската популација. Сите луѓе различно ја доживуваат анксиозноста. Нормално е во иста ситуација да се чувствувате повеќе или помалку анксиозни од останатите луѓе. Симптомите на анксиозност може да бидат сложени и може дури и да се појават долго време откако некоја стресна случка завршила.  Некои вообичаени знаци и симптоми се:

  • Тешкотии во дишењето, главоболки или чувство на несвестица.
  • Брзо срцебиење и понекогаш висок крвен притисок.
  • Чувство на немир, тресење или слабост во нозете.
  • Чувство на мачнина во стомакот – грчеви, дијареја или често одење во тоалет.
  • Проблеми со спиењето или намален апетит.
  • Сува уста, прекумерно потење или чувство на топлина.
  • Напор да се фокусира на нештата – недостиг на концентрација.
  • Чувство на паника, нервоза или напнатост.
  • Чувство на обземеност од чувства или чувство на преплашеност.
  • Чувство на немање контрола врз ситуацијата.
  • Чувство на умор и раздразливост.

ФАКТИ:

  • Стресот го намалува имунитетот.
  • Стресот влијае на добивањето на сите посериозни заболувања, особено автоимуните заболувања.
  • Игнорирањето на лошото психичко здравје нема да го подобри.
  • Долготрајната изложеност на стрес, остава сериозни последици.

Излези од твојот црно-бел свет и направи го розов. Ослободи го својот ум и следи ги нашите СОВЕТИ:

  1. Медитирајте 10 минути.
  2. Одете надвор на пешачење 15 минути.
  3. Пијте безкофеински чај.
  4. Слушајте музика што ве прави среќни.
  • Земете 100 ml свеж сок од калинка и измешајте 3-4 прстофати од морско оревче во прав во него. Пијте го редовно на празен стомак.

  • Може да се земе и мешавина од топло млеко и морско оревче во прав. Количината на млеко треба да биде 100 ml заедно со 2-3 прстофати морско оревче во прав.

  • Земете половина лажичка мед и измешајте 2-3 прстофати морско оревче во прав. Земајте го еднаш дневно и зачестеноста на стресот и анксиозноста автоматски ќе се намали.

  • Измешајте 26 г сушени листови од маточина, 6 г исушена камилица, 3 г сушени ливчиња од роза и ставете ги во чиста тегла. Сварете ја водата во тенџере. Тргнете го од оган. Додадете околу 3 г од смесата и покријте го. Оставете 15 минути. Процедете и послужете. Додадете мед ако сакате послатко. Опуштете се!

Планет Ајурведа ви ги препорачува добро познатите билки Брахми, Ашваганда и миксот од билки за поддршка при стресот. Овие производи се составени од чист хербален 500мг естракт и помагаат за подобрување на функцијата на мозокот, се борат со стресот, анксиозноста и го зајакнуваат целиот нервен систем. Доведувајќи до рационално реагирање на стресот и справување со истиот.

 

 

Други содржини

Најпродавани
производи

  • Neem | Ним

    1.090 ден

  • Amalaki Rasayan | Амалаки Расајан

    1.090 ден

  • Brahmi | Брахми

    1.090 ден

  • Ashwagandha | Ашваганда

    1.090 ден